Дома Фудбал Лапорта: Страв ми е дека Меси ќе замине

Лапорта: Страв ми е дека Меси ќе замине

Поранешниот претседател на Барселона, Жоан Лапорта стравува дека капитенот Лионел Меси може да го напушти тимот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Договорот на Меси истекува следното лето, а двете страни се уште не можат да најдат заеднички јазик за негово продолжување, па поради тоа се почести се шпекулациите за заминување на Меси.

„Сакам тој да остане и после 2021 година, но се плашам дека погрешната одлука на раководството може да доведе до неповратни последици. Ова не е БарсаГејт, ова е БартоГејт“, изјави Лапорта алудирајќи на аферата што го потресе клубот со наводно плаќање луѓе со цел да бидат оцрнети поранешни и сегашни членови на каталонскиот клуб.

Лапорта е загрижен дека управувањето на Жосеп Марија Бартомеу го ризикува статусот на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голем трансфер во Катар, Лацио остана без капитенот

Алесио Ромањоли повеќе не е фудбалер на Лацио. Искусниот италијански стопер одлучи да го н…