Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта даде опширно интервју во кое меѓу другото зборуваше и за Лионел Меси.
Меси ова лето ја напушти Барселона, но не остана во добри односи со Лапорта бидејќи овој му ветуваше дека сигурно ќе го задржи на „Камп Ноу“ во претседателската кампања.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Поради тоа имаше вербални препукувања во последно време, а наводно таткото на Меси, Жорге, не му дозволил на Лапорта да се фотографира со фудбалерот при доделување на „Златната топка“.
„Меси? Кога ме избираа за претседател, луѓето знаеа за што гласаа за мене. Направивме се што е во наша моќ за тој да остане во клубот, постигнавме договор, но Ла Лига не ни дозволи да го регистрираме. Не знам дали тој беше спремен да игра без пари, никогаш не сум го побарал тоа. Треба веднаш да престанат овие полемики. Клубот треба да има добри односи со најдобриот фудбалер во историјата“, изјави Лапорта.
Laporta: "I couldn’t speak with Messi in Paris. The thing about playing for free… my words were misinterpreted. Obviously I would never propose that to him.He’s the best in the world and he had an important offer. The club has to have a good relationship with their best player."
— Barça Universal (@BarcaUniversal) December 3, 2021