Дома Македонски спорт Мак ракомет Лазаров: Правевме грешки во серија како на филм

Лазаров: Правевме грешки во серија како на филм

Македонската репрезентација после денешниот пораз од Црна Гора ги изгуби шансите за пласман во втората фаза на Европското првенство.

Разочарување секако има, очекувањата беа дека ќе се победи Црна Гора.

„Правевме грешки во серија и самиот не можев да реагирам затоа што истите се случуваа како на филм. Играчи кои играат во клубови кои се дел од Лигата на шампионите не смеат да си дозволат вакви грешки“.

„Психолошки се блокиравме, бевме немоќни. Се исчезна во еден момент, видикот, перцепцијата…Не знаевме што правиме. Очигледно дека имавме притисок, па работата не тргна добро. Резултатски се враќавме во игра, но тогаш повторно бркавме негатива. Очигледно е дека треба да учиме и тренираме уште многу“.

„Не сакам да користам како алиби, но на вакви натпреварувања не можеме да си дозволиме да ни фалат седум-осум играчи како јас, Столе, Никола Маркоски, Манасков, Михајло Младеновиќ, Ојлески…Денес имавме проблеми и со Маџовски кој се повреди на тренинг и беше под знак прашалник. Ни се случија многу работи, но тоа не е алиби за поразот“, изјави Лазаров.

Последниот натпревар Македонија го игра против Данска во понеделник од 20:30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Шишковски: Македонската јавност верува во нас затоа што ние докажавме дека можеме!

Македонија на стартот на јуни на ја очекуваат четири натпревари против Бугарија (2. јуни),…