Дома Останати Ракомет Лазаров испрати порака до Томас: Мораш да бидеш презадоволен со се што направи (ФОТО)

Лазаров испрати порака до Томас: Мораш да бидеш презадоволен со се што направи (ФОТО)

Легендарниот ракометар на Барселона, Виктор Томас на вонредна прес-конференција со солзи во очите откри дека мора предвреме да стави крај на кариерата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Капитенот на Барселона оствари голем број успеси, како на клупски така и на репрезентатвен план, меѓутоа после препорака од докторите тој одлучи да се повлече од професионалното играње ракомет. Македонскиот капитен Кире Лазаров во Барселона неколку години беше соиграч со Томас, а по објавувањето за предвременото пензионирање Лазаров му испрати порака на шпанскиот ракометар.

„Чест беше да се дели соблекувалната со така квалитетен и борбен играч, но пред се добра личност. Вистинска штета е што го оставаш ракометот, но мораш да бидеш презадоволен од она што го направи. Ти посакувам среќа од срце во иднина. Остануваме пријатели засекогаш“, стои во објавата на Кире.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

ЕХФ ѝ додели организација на Македонија на ЕП до 18 години!

Македонија доби уште една значајна организација на големо ракометно натпреварување, откако…