Дома Фудбал Германија Кутињо е воодушевен од методите на Ковач

Кутињо е воодушевен од методите на Ковач

0

Филипе Кутињо наскоро ќе стане најскапиот играч во историјата на Баерн.

Бразилскиот играч пристигна на позајмица од Барселона во Минхен, а во германскиот клуб одлучија да го откупат неговиот договор за 120 милиони евра. Кутињо под водство на Нико Ковач веднаш се избори за позиција во тимот, а поранешниот селектор на Хрватска, поради Бразилецот на клупата ја смести легендата на Баерн, Томас Милер.

„Нико е врвен тренер и голем човек кој обожава напорна работа. Отворен е кон сите, има добар однос со играчите и пресреќен сум што се соработувам со него“, изјави Кутињо кој оваа сезона постигна два гола и забележи три асистенции.

Исто така и тренерот на Баерн Минхен не крие дека е задоволен од Бразилецот.

„Кога ја има топката, тоа изгледа како да танцува со неа. Кутињо во секој момент знае што да направи, каде да ја испрати топката, кога и како. Одличен играч е“, изјави тренерот на Баерн.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Кавани како слободен играч доаѓа во Манчестер Јунајтед?

Манчестер Јунајтед катастрофално влезе во новата сезона и со сигурност мора да се засилува…