Челзи ги започна преговорите со Севиља за трансфер на дефанзивецот Жил Кунде, пренесуваат англиските медиуми.
Приоритет на Челзи ова лето ќе биде засилување на одбраната, а прва желба на Тухел е токму Кунде.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Сините“ ова лето ќе останат без Кристенсен и Рудигер, па сакаат да донесат најмалку еден врвен дефанзивец.
Челзи и минатото лето направи неколку обиди да го донесе Французинот, но тогаш Севиља успеа да го задржи во своите редови.
Сега Челзи повторо започна преговори со Севиља, која првично бараше 80 милиони евра за трансферот. Медиумите тврдат дека „сините“ ќе се обидат да ја намалат сумата и да го договорат трансферот за 65 милиони евра.