Германскиот плејмејкер Тони Крос уште еднаш потврди дека сака кариерата да ја заврши во дресот на Реал Мадрид.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Крос ја игра осмата сезона во „кралскиот“ клуб, а неговиот договор завршува кога ќе има 33 години.
„Намерно сакав мојот договор да завршува кога ќе имам 33 години бидејќи тоа е идеална возраст за да решам што ќе правам понатака во кариерата“, изјави Крос.




„Мојата врска со Реал Мадрид е неверојатна и не сакам да ја нарушам со никакви “игри“. Имам јасна желба да ја завршам кариерата во овој клуб и сите го знаат тоа. Не можам да кажам дали тоа ќе се случи во 2023 година или неколку години подоцна“, додаде Германецот.