Дома Фудбал Крос за натпреварот на Барса и Атлетико: Зарем не можеа двете екипи да испаднат?

Крос за натпреварот на Барса и Атлетико: Зарем не можеа двете екипи да испаднат?

Тони Крос се осврна на дуелот меѓу Барселона и Атлетико во Лигата на шампионите, приложувајќи при тоа прилично директна критика кон Kаталонците. Поранешниот играч на Реал Мадрид смета дека Барселона нема да може да ја освои Лигата на шампионите ако не го промени пристапот во играта. Крос на почетокот со шега изјави дека ниту една исходна можност не му одговара.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


“Зарем не можат двата тима да испаднат? Поради 10-те години што ги поминав во Мадрид, не сакам ниту еден да победи”, рече Крос и додаде дека, ако мора да избере, би сакал да помине Атлетико. “Не ги мразам, но поради врзаноста со Реал повеќе би сакал да не освојат. Мислам дека Атлетико Мадрид нема да ја освои Лигата на шампионите. Има екипи во натпреварувањето што играат подобро од нив”, додаде Крос.

Анализирајќи го самиот натпревар, Крос нагласи дека Барселона била подобриот тим, но дека клучна била ситуацијата со играчот помалку. “Мислам дека Барса беше посилна, но кога долго време играш со играч помалку, станува многу тешко. Атлетико знае како да одбрани резултат, а со предноста од првиот натпревар и исклучувањето добија голема предност да поминат напред.”

Најмногу ја критикуваше одбраната на Барселона и просторот што го остава.

“Кога се браниш на ваков начин и оставаш толку многу простор зад себе, можат да ти се случат вакви работи, вклучувајќи и исклучувања за да се спречи излезот еден на еден со голманот. Одбраната на Барселона е многу изложена. Минатата година им се случи тоа против Интер, а оваа година против Атлетико. Ако не го променат начинот на игра, нема да ја освојат Лигата на шампионите”, заклучи Крос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Флик ги израдува навивачите на Барселона, им го кажа тоа што сакаат да го слушнат

Со победата над Реал Мадрид, Барселона ја обезбеди титулата првак на Шпанија, но тимот на …