Ернан Креспо е еден од незаборавните славни напаѓачи кои со своите голови во Парма, Лацио, Интер, Челзи и Милан го обележа крајот на 20. и почетокот на 21. век.
Одличниот голгетер денес е тренер на Дефенсе и еден од најомилените играчи помеѓу навивачите, но и навивачките за што посебно зборуваше во интервју за „Марка“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Поминав низ се, па и низ оргии. Во тоа време немав девојка, бев славен и млад фудбалер. Само користев одредени привилегии. Тоа беше последица на големата популарност и слава, но денес гледам дека некои фудбалери на тие работи гледаат како на приоритети и тоа не е добро“.
„Се до 27 години никогаш немав однесено девојка дома. Мојата денешна сопурга Алесија со која имам и ќерка е љубовта на мојот живот и првата и единствена девојка која ја запознав со моите дома“, откри Аргентинецот.
Бил блиску до трансфер во Реал Мадрид.
„Се сеќавам во 2002 година додека играв во Лацио прашањето беше кој ќе оди во Реал – Роналдо или јас. На крајот Реал го купи Роналдо, а јас него го наследив во Интер. Ако Роналдо останеше во Интер, тогаш јас ќе потпишев за Реал. Втор пат бев блиску во 2009 година. Меѓутоа ми понудија договор на шест месеци, а јас тој не го прифатив“.
Трет пат блиску до Реал бил во улога на помошник тренер, но тогаш Флорентино Перез го избрал Зидан.
„Работев со Анчелоти во ПСЖ. Откако тој го превзема Реал идејата беше јас да му бидам помишник во Мадрид. Разговаравме за тоа, но Флорентино Перез сакаше помошник да биде Зидан и очигледно не погреши“, раскажа Креспо.