Дома Фудбал Останато Крауч: Просинечки не пушеше само додека беше на теренот

Крауч: Просинечки не пушеше само додека беше на теренот

Питер Крауч и Роберт Просинечки беа соиграчи една сезона во Портсмунт, но тоа беше доволно Крауч да се потсети на еден од најдобрите хрватски фудбалери на сите времиња.

За човекот кој остави длабока трага во историјата на фудбалскиот клуб Црвена Звезда, Крауч зборуваше со избрани зборови, но и се пошегува малку.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Просинечки тешкото црвено Марлборо не го пушеше само кога беше на теренот. Едвај го гледавме на тренинзите, но бепе чудесен. Мислам дека постигнав 19 голови таа сезона, а Роби ми го намести скоро секој од нив“, изјави Крауч.

Просинечки за Портсмунт одигра 34 натпревари и постигна 9 голови. Во кариерата играше за дури 13 клубови од кои најголеми се Реал Мадрид, Барселона, Севиља, Црвена Звезда и Динамо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ПСЖ задоцни еден ден, 55 милиони евра се поблиску до Мбапе

КИЛИЈАН МБАПЕ треба да ја зголеми својата банкарска сметка за 55 милиони евра, сума за кој…