Дома Фудбал Англија Гери Невил и Крауч едногласни: Викендов требаше да се игра фудбал во Премиер лигата

Гери Невил и Крауч едногласни: Викендов требаше да се игра фудбал во Премиер лигата

Сите натпревари во Премиер лигата беа одложени поради смртта на Кралицата Елизабета, викендов на Островот не се игра фудбал во нтиу еден ранг.

Британската Влада не даде препораки за преземање на ваков чекор, меѓутоа клубовите и лигата одлучија на тој начин да оддадат почит.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Сепак, дел од јавноста смета дека викендов фудбал требало да се игра. Таков став имаат и Гери Невил и Питер Крауч.

„Пирс се согласувам со тебе. Спортот можеше и на друг начин да ја покаже најголемата почит која Кралицата ја заслужува“, истакна Гери надоврзувајќи се на твитот на Пирс Морган.

„Знам дека тоа е само игра и некои работи се многу поголеми. Но, замислета како сите натпревари викендов се одржуваат со црни ленти на рацете, минута мол, национална химна, кралски бенд…Милиони луѓе ширум светот ќе го гледаат тоа. Нели би било подобро испраќање?“, додаде Крауч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…