Денес беа соопштени имињата на тројцата кандидати кои ќе конкурираат за престижната награда.
Тројцата кандидати кои ќе се борат за наградата „Златно момче“ се: Габриел Хесус, Килијан Мбапе и Осман Дембеле.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наградата која од 2001 година ја доделува италијанскиот весник „Тутоспорт“ ќе добие нов сопственик бидејќи минатата година за најдобар беше избран Ренато Санчез.
Габриел Хесус зад себе има одлична година од како во јануари пристигна во Манчестер Сити. Учествуваше во 21 погодок на „граѓаните“ на 20 натпревари на кои беше стартер, а и оваа сезона продолжи да постигнува погодоци.
Осман Дембеле експлодираше во Борусија Дортмунд, постигна 10 погодоци и запиша дури 21 асистенција.
Мбапе ја освои титулата со Монако, постигна 21 погодок и запиша осум асистенции, посебно блескаше во Лигата на шампионите каде што со неговиот тим стигна до полуфиналето.