Новото и најскапо засилување во историјата на лондонски Арсенал, Александар Лаказет по потпишувањето на договорот реши да открие кој го убеди да дојде во Лондон.
Французинот договори трансфер вреден 60 милиони евра, што дава една поинаква слика и нетипична за Арсенал, кој од половината на изминатата сезона не личи на себе.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
„Кокелан и јас сме блиски пријател, особено во последниот период откако беше јасно дека ќе дојдам во Арсенал. Од него слушав само убави работи за клубот, а тоа не ме изненадува со оглед на неговата желба да дојдам овде. Мојот пријател порача дека мојата одлука е исправна и поради неа нема да зажалам“, истакна Лаказет.