Дома Македонски спорт Мак баскет Кошаркарките мотивирано против Украина: Македонија посакува прва победа во квалификациите за ЕП!

Кошаркарките мотивирано против Украина: Македонија посакува прва победа во квалификациите за ЕП!

По вечерашниот натпревар закажан да се игра од 18.часот во салата на СРЦ „Кале“, една од овие две женски сениорски репрезентации ќе дојде од првата победа во групата „Г“ од квалификациите за Евробаскетот во 2025 година.

Македонија и Украина во досегашниот тек од квалификациите запишаа по два порази, ние од Србија на домашен терен, и Португалија на гостински, а сличен е патот на нашиот противник, макар што пред една година, Украина настапуваше без својата, и дефинитивно, најдобра кошаркарка, Алина Јагупова.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Нема сериозни промени во нашиот играчки ростер во однос на тие последни два натпревари одиграни минатиот ноември.

Секако, голема, позитивна работа е што во тимот кој го одбра селекторот Александар Ашаданов повторно е Александра Стојановска. Една од нашите најискусни кошаркарки се враќа во националниот тим, и ќе биде од голема помош во онаа стартна, проектирана петорка  во која, многу веројатно, ќе има место за Анџелика Митрашиновиќ, Нена Трајчевска, Ивана Кметовска и Мерит Хемпе.

Во актуелниот ростер ги нема Марија Димитријевиќ, Климентина Модева и Сања Адамовска, но тука се да помогнат и Илина Селцова, Елена Тасевска, Михаела Алексовска, Поп Димитровска, Николиќ, а своите минути да ги чека и најмладата во овој тим, Ања Начевска…   

„Времето за некои сериозни подготовки за вакви натпревари е навистина доста кратко. Добра работа е што сите овие денови ќе бидеме дома, во Скопје, и што нема да патуваме, што е доста олеснителна околност кога треба да се одиграат два натпревари во рок од три-четири дена. Во овие неколку денови се обидовме да поставиме некои работи на кои работевме и во претходниот циклус. Секако со некои тактички промени, со оглед на тоа дека играме против една репрезентација коај има доста квалитетни кошаркарки, и тој нивни резултат во претходниот циклус делува и како нереален. Сега се во изменет ростер во кој ја имаат и својата најдобра кошаркарка, што ни ја потежнува работата“- смета Ивана Кметовска.

Јасно е дека Кметовска, заедно со Хемпе ќе се обидат да ја сопрат Алина Јагупова, од каде се заканува најголемата опасност по нашиот кош.

„Нема да биде лесно, но мислам дека сега сме доста поискусни, оваа екипа одигра два натпревари, со нас сега е и Стојановска. Оваа година предност е нашиот ростер. Генерално, сите наши играчи од странство и од домашното првенство се во добро здравје и на располагање на селекторот. Играме заедно долго време, се познаваме меѓусебнп, и мислам дека тоа е еден голем, позитивен фактор кој соодветно ќе се одрази и на теренот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Објавени номинациите за спортист на Македонија за 2024 година

Објавени се номинациите за спортист и спортистка на годината за 2024 година, а во трката з…