Кристијан Ериксен е едно од најголемите разочарувања во 2020 година откако неговиот трансфер се покажа како промашување.
Данецот во Интер пристигна со големи очекувања меѓутоа на теренот не се прослави, а Антонио Конте го стави во втор план.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Веќе со недели се пишува за заминување на Ериксен, но ако се суди според изјавата на Конте пред мечот со Рома тој ќе остане.
„Добро знаете што кажав претходно. Нема да има ниту засилувања, ниту заминувања“, изјави тренерот на Интер.
Ериксен има мала минутажа сезонава, не доби ниту минута на четири натпревари во низа, а против Сампдорија играше во последните 20 минути.
Се споменуваше Ериксен како ново засилувања за ПСЖ, се нудеше на Атлетико и Реал, меѓутоа изгледа дека до лето ќе остане во Милано.