Дома Фудбал Италија Конте и Интер се налутија, па ја откажаа прес-конференцијата

Конте и Интер се налутија, па ја откажаа прес-конференцијата

Tимот на Интер утре ќе им се врати обврските во домашното првенство, „нероаѕурите“ гостуваат кај Фиорентина.

Фиорентина во овој натпревар влегува со четири порази во низа и поради Интер е фаворит, но нема сомневање дека домаќините ќе бидат мотивирани конечно да ја прекината црната серија.

Она што привлече внимение пред овој натпревар е што Интер ја откажа редовната прес-конференција пред натпреварот. Клубот ја откажа конференцијата во знак на револт кон медиумите во Италија.

„Вчера „Кориере дело Спорт“ објави навредлив текст за нашиот тренер. Сакаме да испратиме порака до сите медиуми дека треба да покажат почит, па затоа денес нема да одржи прес-конференција“, стои во соопштението на Интер.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Џабе беше голот со пета на Иличиќ, СПАЛ ја шокираше Аталанта (ВИДЕО)

Со вечерашниот натпревар помеѓу Аталанта и СПАЛ затворено беше 20. коло во Серија А. Атала…