Дома Фудбал Италија Конте е најплатен тренер во Серија А, а Интер му нуди нов побогат договор

Конте е најплатен тренер во Серија А, а Интер му нуди нов побогат договор

Aнтонио Конте би можел да остане подолго на клупата на Интер.

Пред неколку месеци се шпекулираше дека Интер може да направи нова промена, но сега на такво нешто никој во Интер не размислува. Конте ги доведе „нероаѕуирите“ на чекор од Скудето кое го чекаат долго време.

Според информациите од Италија во Интер сега сакаат и да му го продолжат договорот кој му истекува во 2022 г одина.

Конте и со актуелните 12 милиони евра по сезона е најплатениот тренер во Серија А, а „Газета“ сега тврди дека Интер му нуди 13.5 милиони евра. Интер ја испратил понудата, сега се чека да се види дали Конте ќе каже „ДА“, неговиот услов бил да му обезбедат две-три квалитетни засилувања за подигнување на амбициите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Легендарниот тренер го откри својот фаворит за Скудетото

Легендарниот фудбалски тренер, Свен Горан Ериксон, на изненадување на многумина верува дек…