Дома Трансфер зона Конте добива засилување од Ливерпул

Конте добива засилување од Ливерпул

„Газета дело Спорт“ пренесува дека напаѓачот на Ливерпул, Дивок Ориги би можел да го напушти Енфилд и да се пресели во милански Интер.

25-годишниот напаѓач не добива голема минутажа кај Јирген Клоп, па тоа е причината поради која сака да ја промени средината.

Оваа сезона Ориги настапи на четири натпревари за Ливерпул во сите конкуренции, на кои постигна 1 гол и запиша 1 асистенција.

Интерес за него покажуваат неколку клубови од Премиер лигата, но и милански Интер. Конте смета дека Ориги би бил идеална замена за Ромелу Лукаку и сака да го донесе во својот тим.

Лукаку и Ориги се во одлични односи и одлично соработуваат во белгиската репрезентација, па тоа може да биде клучно за трансферот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Јувентус започна преговори со Депај

Италијанските медиуми пренесуваат дека главна трансфер цел на Јувентус во летниот преоден …