Дома Трансфер зона Интер ја сака заборавената ѕвезда на Ливерпул

Интер ја сака заборавената ѕвезда на Ливерпул

„Газета дело Спорт“ пренесува дека напаѓачот на Ливерпул, Дивок Ориги би можел да го напушти Енфилд и да се пресели во милански Интер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


25-годишниот напаѓач не добива голема минутажа кај Јирген Клоп, па тоа е причината поради која сака да ја промени средината.

Интерес за него покажуваат неколку клубови од Премиер лигата, но и милански Интер. Конте смета дека Ориги би бил идеална замена за Ромелу Лукаку и сака да го донесе во својот тим.

Лукаку и Ориги се во одлични односи и одлично соработуваат во белгиската репрезентација, па тоа може да биде клучно за трансферот.

Ливерпул е спремен да го пушти за 14 милиони евра, сума која Интер е спремен да ја плати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…