Напаѓачот на Ливерпул, Дивок Ориги влезе во последната година од договорот и нема најави за негово продолжување.
26-годишниот напаѓач не добива голема минутажа кај Јирген Клоп, па тоа е причината поради која сака да ја промени средината.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ориги и во летниот преоден рок беше на излезна врата од „Енфилд“, но никој клуб не сакаше да плати 10 милиони фунти, колку што Ливерпул бараше за неговата слобода.
Тој во јануари ќе биде слободен да преговара со заинтересираните клубови, а се поизвесно е дека на лето како слободен играч ќе го напушти Ливерпул.
Милан сака да ја искористи таквата ситуација и наскоро ќе започне преговори со неговиот агент, а самиот Ориги е отворен за преселба на „Сан Сиро“.
📰 TMW: #ACMilan register interest in signing Liverpool striker on expiring contracthttps://t.co/KJFBaCFHli #SempreMilan
— SempreMilan (@SempreMilanCom) December 12, 2021