Дома Фудбал Англија Компани ги избра најдобрите 11 со кои играше во Сити! (фото)

Компани ги избра најдобрите 11 со кои играше во Сити! (фото)

Винсент Компани после 11 години и 360 одиграни натпревари го напушти Манчестер Сити и се врати во Андерлехт.

Искусниот дефанзивец во „Етихад“ пристигна во 2008 година од Хамбургер, а во меѓувреме тој освои 12 трофеи и се стекна со легендарен статус.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


За повеќе од една деценија многу играчи поминаа низ соблекувалните на „граѓаните“, но легендарниот Белгиец направи идеален тим составен од своите поранешни соиграчи.

На голот го стави Џо Харт, а во последната линија од тимот, покрај себе ги стави и Џон Стоунс, Пабло Забалета и Гаел Клиши.

Средниот ред го сочинуваат, Јаја Туре – Кевин Де Брујн – Давид Силва, а во нападот се Тевез, Стерлинг и Агуеро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Инзаги го отпиша Митровиќ

Италијанскиот стручњак Симоне Инзаги само еден ден по поразот со својот Интер од Пари Сен …