Дома Трансфер зона Ковач: Ќе биде уште потешко против ПСЖ, но убаво е да се види Меси во Лига 1

Ковач: Ќе биде уште потешко против ПСЖ, но убаво е да се види Меси во Лига 1

Како што стојат работите Лионел Меси ќе го засили тимот на ПСЖ.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Барселона завчера објави дека Аргентинецот нема да го продолжи договорот од првиот момент ПСЖ се истакна како најголем фаворит. Се споменуваше Манчестер Сити, но Гвардиола вчера потврди дека после ангажманот на Грилиш не можат да тргнат по Меси. Челзи исто така влезе во игра, но изгледа повеќе нема дилеми дека Меси ќе го гледаме во Париз.

На темата Меси – ПСЖ зборуваше и Нико Ковач по ремито на неговиот Монако со Нант, натпревар со кој вчера беше отворена Лига 1.

„Доаѓањето на Меси е добро за Лига 1. Секако дека ПСЖ така ќе биде уште потешко да се победи, но сум задоволен од идејата да го видам Меси во ова првенство“, изјави Ковач.

Очекувањата се Меси во вторник да биде преставен како нов играч на ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…