Дома Топ вести Ковач во Баерн има план вреден 200 милиони евра!

Ковач во Баерн има план вреден 200 милиони евра!

Германскиот „Спорт1“ го откри списокот фудбалери кои Баерн ќе сака да ги доведе ова лето. Целта на германскиот шампион е да се вклучи во борбата за трофејот во Лигата на шампионите и за таа цел ги сака најдобрите германски играчи.

Листата ја предводи Тимо Вернер, напаѓачот на Лајпциг, Вернер не сака да го продолжи договорот, ги одби сите понуди на Лајпциг и следното лето ќе стане слободен играч. Тоа значи дека Баерн пред договор со него може да потипише веќе во јануари.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На листата на Баерн се најде и капитенот на Шалке, Александер Нубел. Во него Ковач гледа наследник на Мануел Ноер и иден прв голман на Баерн. Нубел ја одби понудата од Шалке да го продолжи договорот и има намера да го напушти клубот.

Германскиот шампион спрема и 100 милиони евра за Каи Хаверц, најголемиот германски талент во последните десетина години. Минатата сезона во Бундес лигата играјќи на позицијата играч за врска постигна 17 голови, а и дебитираше за Германија во пријателскиот натпревар против Србија. Наводно Хаверц веќе неколку месеци наназад преговара со Баерн за нов договор.

Четвртиот играч кој Баерн сака да го доведе следното лето е Лерој Сане. На офанзивецот на Манчестер Сити му пропадна трансферот во Баерн ова лето поради повреда, но клубот се откажа од него поради повреда. Во Минхен се надеваат дека идното лето би можеле да го доведат за помала оштета.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…