Дома Фудбал Англија Клоп: Не ни е потребна замена за Кутињо

Клоп: Не ни е потребна замена за Кутињо

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп смета дека неговиот клуб нема потреба да бара замена за Фелипе Кутињо кој неодамна премина во редовите на Барселона.

„Не мораме да бараме замена за него. Она што мораме да го направиме е да одиме чекор напред. Игравме одлично и без Кутињо. Не сакам да звучам како некој кој нема респект, бидејќи ми е навистина драг. Ние мораме да продолжиме понатаму. Одигравме фантастични натпревари со него, но и некои не така добри. Ќе ја следиме ситуацијата на трансфер пазарот, но нема да правиме луди работи“.

Заминувањето на Бразилецот беше неминовно.

„Не постоеше друга опција. Доколку постои некои кој би можел да биде лут во оваа ситуација, тогаш тоа е менаџерот“ изјави Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Tрансферот на Енцо Фернандез пред комплетирање – Сити ќе потроши 240 милиони евра!

Рокот од 120.000.000 евра кој Манчестер Сити требаше да го исполни одамна помина. Сепак, о…