Дома Фудбал Ново големо име во Турција: Салах доби играч со кој ја освои Лигата на шампионите!

Ново големо име во Турција: Салах доби играч со кој ја освои Лигата на шампионите!

Со недели се шпекулираше, а сега е и официјално – Фабињо е нов член на Трабзон.

Откако го ангажираа Мохамед Салах, Трабзон ја комплетираше својата екипа со неговиот поранешен соиграч од Ливерпул – Фабињо.

Фабинјо пристигнува во Трабзон како слободен играч, бидејќи му заврши договорот со Итихад во Саудиска Арабија.

Трабзон во понеделникот го официјализираше трансферот, објавувајќи фотографии од Фабињо во дресот на клубот, сликани во приватен авион. Во меѓувреме, бразилецот стигна до Трабзон.

Фабињо изјави:

„Во Трабзон ме чека познато лице“.

Фабињо и Салах беа дел од тимот што ја освои Лигата на шампионите во 2019 година, а една година подоцна и Премиер лигата.

Бразилецот замина во Итихад во 2023 за сума од околу 47 милиони евра, а сега бесплатно пристигнува во Турција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Tuchel: England have levelled up by taking ‘calculated risks’

Having scored 14 goals in their first four Nations League matches, Thomas Tuchel believes …