Ливерпул и Манчестер Јунајтед се силно заинтересирани за дефанзивецот на Лајпциг, Ибрахима Конате, пренесуваат медиумите на Островот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Двата клуба веќе започнале разговори со агентот на Конате и сакаат да го донесат во своите редови во јануари.
20-годишниот Конате одлично ја започна сезоната и го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Клоп е во потрага по дефанзивец кој ќе може да го замени повредениот Ван Дајк, но исто така во иднина да биде и негов партнер во дефанзивната линија.
Солскјер исто така е во потрага по квалитетен дефанзивец, па останува да видиме кој ќе ја добие битката за потписот на Конате.