Дома Фудбал Англија Клоп за Суперлигата: Ниту јас, ниту играчите до вчера не знаевме ништо

Клоп за Суперлигата: Ниту јас, ниту играчите до вчера не знаевме ништо

Од вчера во фудбалскиот свет актуелна е новата Суперлига која ја формираа 12 големи европски клубови.

Пред вчерашниот натпревар помеѓу Ливерпул и Лидс фудбалерите на Лидс излегоа со маици „Фудбалот е за навивачи“ и „Заслужете го“, ова се однесуваше на тоа дека Ливерпул мора на терен да го заслужи пласманот во Лигата на шампионите.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


По натпреварот коментар на темата „Суперлига“ даде и Јирген Клоп кои застана на страна на навивачите, иако неговиот тим е учесник во новофомираната лига.

„Слушнав од медиумите. Го почитувам потегот на играчите на Лидс. Фудбалот се игра за навивачи и ако тие не се задоволни за што се прави тоа натпреварување? Не можам да кажам многу за Суперигата. Верувајте, ниту јас ниту играчите до вчера не знаевме за тие планови, не бевме вклучени во таквите одлуки поради тоа не можам да ви дадам и конкретен коментар“, изјави Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Сити го „блиндира“ Родри со богат договор

Раководството на Манчестер Сити планира да го наградат Родри за неговите одлични игри…