Од понеделник започнува продажбата за првиот домашен натпревар на Вардар кој ќе го одигра против тимот Нант.
Вардар првиот натпревар пред домашната публика во Лигата на шампионите ќе го одигра против Нант каде што настапува капитенот на македонската репрезентација, Кире Лазаров, а влезниците за овој натпревар ќе бидат по цена од 150 денари за стоење и 350 денари за место на трибините.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сите оние кои сакаат да бидат дел од овој натпревар и да си купат карта, тоа можат да го направат преку продажната мрежа на „Тикет плус“.
Лазаров и Нант гостуваат во Скопје наредната сабота, а натпреварот ќе се одигра во 17:30 часот.