Дома Фудбал Останато Кин: Во Јувентус работите се променија кога замина Алегри, бев разочаран што заминувам

Кин: Во Јувентус работите се променија кога замина Алегри, бев разочаран што заминувам

Moис Кин пред почетокот на оваа сезона пристигна во ПСЖ како позајмен играч од Евртон и засега остава добар впечаток на „Паркот на принцовите“.

Во последно време многу се пишваше дека Парижаните ќе го откупат неговиот договор затоа што Кин во Париз докажа дека е голем потенцијал. Сезонава за ПСЖ одигра 39 натпревари и постигна 18 голови. Во редовите на Евертон за него немаше место во почетниот состав и се реши за доаѓање во Франција, а тоа се покажа како полн погодок.

Познато е дека пред Евертон беше во Јувентус и за „старата дама“ дебитираше уште на 17 години. Меѓутоа на изненадување клубот од Торино во 2019 година се реши да го продаде во Евертон за 30 милиони евра.
Кин секогаш ќе го носи Јувентус во своето срце, но призна дека е разочаран што морал да го напушти клубот.

„Во Јувентус имав многу важни тренери од Гросо до Алегри кој ми даде шанса во првиот тим. Веруваше во мене и затоа сум му благодарен. Ми помогна многу во кариерата, но кога тој замина ситуацијата се промени. Ќе бидам искрен, бев разочаран што заминувам од Јувентус, таму растев и не знам каде би бил денес без тој клуб. Сепак сфатив дека животот на еден фудбалер е таков и го прифатив“.

Неодамна се појавија шпекулации дека може да се врати во Јувентус на лето, но тој не сакаше премногу да зборува на таа тема.

„Не знам што ќе се случи. Сега уживав во Лигата на шампионите, подоцна ќе видиме. Никој не знае како ќе се одвиваат работите. Мојата цел е да напредувам и што повеќе да созреам како човек. Го напуштив домот на 13 години и заминав во академијата на Јувентус. Тоа беше еден од најтешките денови за мене затоа ја оставив мојата мајка, браќата и пријателите. Сепак, работите во животот се случуваат со причина“, изјави Кин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Панче Ќумбев со анализа и предлози за последните дуели од Група А

Група А: Италија – Велс ( време: 18:00 ч. ) Најдобриот фудбал до сега на шампионатот го пр…