Дома Фудбал Италија Кинезите сепак го продаваат Интер, позната и главната причина

Кинезите сепак го продаваат Интер, позната и главната причина

Семејството Жанг демантираше дека Интер кој е во нивна сопственост е на продажба, но сепак сега пристигнуваат нови информации.

Имено, Кинезите го купија Интер преку нивната компанија „Сунинг“, а сега поради пандемијата со коронавирусот тие трпат огромни загуби. Според најновите информации во италијанските медиуми Кинезите преговараат за продажба на клубот на инвестицискиот фонд „БЦ партнерс“.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Се проценува дека новите сопственици би платиле сума помеѓу 400 и 500 милиони евра.

Најголемата причина поради која Жанг го продава Интер се загубите, тие изгубиле повеќе од 153 милиони евра, а долгот се зголемил за 47%.  Од друга страна „БЦ партнерс“ често пати купува фирми кои се во загуба и ги прави профитабилни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бразилецот кој го сруши ПСЖ направи трансфер во Премиер лигата!

Бразилскиот репрезентативец Игор Жезус премина од Ботафого во Нотингем Форест. Англискиот …