Дома Фудбал Италија Касано: Јас во Јувентус? Прв ден потпис, втор ден тренинг, третиот – отказ

Касано: Јас во Јувентус? Прв ден потпис, втор ден тренинг, третиот – отказ

kasano

Aнтонио Касано во текот на вчерашниот ден одлучи трет пат да објави крај на кариерата.

„Дојде моментот кога е време да се каже крај. Оваа недела сфатив дека повеќе немам желба да тренирам, а без тренинзи нема резулати. Сега ќе се насочам кон нови предизвици“, порача Антонио Касано.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Поранашениот напаѓач на Парма, Сампдорија, Интер, Милан, Рома, Реал Мадрид, неколку дена пред да го објави пензионирањето гостуваше во италијанската шоу емисија,
Ле Лене. На прашањата на новинарите како и секогаш одговораша без „влакна на јазикот“.

„Фудбалот во 1999 година беше толку многу подобар. Денес Италија е полна со неспособни играчи. Одземете ги Јувентус и Гонзало Игуаин од Милан и во Серија А обидете се да пронајдете вистински шампион. Јувентус е најсилниот италијански клуб и еден од најдобрите европски клубови. Се сомневам дека би се прилагодил во Торино, би бил избркан за три дена“.

„Првиот ден би потпишал договор, вториот би тренирал и во третиот би добил раскинување на договорот“, констатираше Касано кој и во минатото имаше слична изјава.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Избрани најдобрите во Серија А за изминатиот месец

Фудбалерот на Наполи, Грузиецот, Квича Кварацхелија е прогласен за најдобар фудбалер во ит…