Дома Фудбал Англија Канте му кажал на Лампард дека не може да оди, а потоа се случило чудо

Канте му кажал на Лампард дека не може да оди, а потоа се случило чудо

Веројатно на светот не постои поскромен фудбалер од Нголо Канте.

Канте е познат како голем работник и на моменти делува како да неможе да за замори, а тивкиот карактер и скромноста на некој начин станаа негов заштитен знак.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Французинот е тип на играч кој секој тим сака да го има во своите редови. Одговорен и дисциплиниран, што значи дека тимот практично никогаш нема да го остави на цедило.

Така беше и во Супер купот и дуелот против Ливерпул. Иако не можел да оди во продолженијата некако собрал сили и му помогна на тимот до крајот на натпреварот. Тоа го потврди и Френк Лампард.

„После 105 миута, точно на полувремето во продолженијата ми кажа дека неговите нозе се мртви и дека не може повеќе да оди. После минута-две го видов како трчи полн спринт од прилика 50 метри за да освои топка.“ – изјави Лампард.

После тој натпревар, сцена со тажното лице на Канте го обиколи светот. Очигледно тешко му падна поразот од Ливерпул по изведувањето на пеналите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…