Напаѓачот Един Џеко скоро сигурно ова лето ќе ја напушти Рома и најверојатно кариерата ќе ја продолжи во дресот на Интер.
Италијанските медуими веќе неколку недели пишуваат за тоа дека Џеко ја напушта Рома ова лето и само се чека на официјалната потврда за неговиот трансфер во Интер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наводно, Интер за услугите на Џеко треба да плати околу 13 милиони евра, а Рома оваа сума ќе ја потроши на ангажирање друг напаѓач. Во последните недели со Болчицата се поврзуваа повеќе играчи, но сето тоа беше во рамки на шпекулации.
Сепак, италијански Калчо Меркато синоќа објави дека голема желба на Рома е Гонзало Игуаин. Аргентинскиот напаѓач се враќа во Јувентус после едногодишната позајмица во Челси.
Многумина веруваа дека Гонзало ќе ја напушти Старата дама иако се појавија информации дека новиот тренер Маурицио Сари не сака да го продаде. Проблем за Сари ќе биде фактот што челниците на Јуве веќе го ставија Игуаин на трансфер листата.
Како што стојат работите, аргентинскиот напаѓач кариерата ќе ја продолжи во дресот на Рома, но се уште не е познато колку Римјаните треба да платат за овој трансфер. Проблем за нив ќе биде неговата годишна плата која изнесува девет милиони евра и тоа наводно ќе биде една од препреките во нивните преговори.