Дома Останати Ракомет Калараш: Финансиските проблеми во Вардар се минато

Калараш: Финансиските проблеми во Вардар се минато

Во летото кое изминува Вардар доживеа целосна реконструкција и си заминаа голем дел од ракометарите, се промени сопственикот, а пристигнваа нови ракометари.

Денес во Белорусија Вардар ќе игра натпревар против Мешков Брест во рамките од Лигата на шампионите. Глеб Калараш пред овој натпревар зборуваше за медиумите и кажа дека финансиските проблеми за Вардар се минато.

„Финансиските проблеми во Вардар се минато, сега сме исплаќани на време и во целост. Ситуацијата во клубот сега не е тешка како во претходните години. Нема скапи играчи во тимот, а условите секаде се намалија поради пандемијата“, изјави Калараш.

Долгот Сергеј Самсоненко треба да го исплати до крајот на годината.

„Кога Самсоненко замина од клубот секој ракометар доби писмена гаранција дека ќе биде исплатен до крајот на 2020 година. Ние му веруваме и чекаме да бидеме исплатени“, порача помеѓу другото Калараш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Пандев со гол ја отвори сезоната (видео)

Македонскиот репрезентативен капитен, Горан Пандев одлично ја отвори сезоната во Серија А.…