Дома Топ вести Како Реал го „украл“ Винисиус пред носот на Барселона!?

Како Реал го „украл“ Винисиус пред носот на Барселона!?

Поранешниот скаут на Барселона за Јужна Америка, Андре Кари откри детали од пропаднатиот трансфер на Винисиус Жуниор на „Камп Ноу“.

Во 2017 година Бразилецот им бил предложен на Каталонците, но во последен момент оди во Реал Мадрид, каде игра одлично во момемтов.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Скаутот тврди дека Реал сакал да ја саботира Барселона, па поради тоа потоа морал да го купи и Родриго.

„Бевме со 3,5 години пред Реал кога е во прашање Винисиус. Го следевме, имавме високи оценки и клубот сакаше да го купи. Меѓутоа, неговите менаџери ја предадоа Барселона. Имаше договор за трансфер, но потоа двајцата агенти исчезнаа и ни забија нож во грб. Винисиус лично мене ми кажа дека сака трансфер во Барселона“.

„Додека се договараа последните детали познатиот агент Вагнер Рибеиро му се јавил на Перез и ги договориле двата трансфери, на Винисиус и тој на Родриго, кој исто така беше следен од Барселона“, откри скаутот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

На познат словенечки фудбалер му се заканува затворска казна од пет години

На познатиот словенечки фудбалер Тим Матавж (35) му се заканува петгодишна затворска казна…