Дома Трансфер зона Каков преоден рок за Фенербахче: Доведоа 18 играчи, а потрошија 9 милиони евра

Каков преоден рок за Фенербахче: Доведоа 18 играчи, а потрошија 9 милиони евра

Турскиот клуб во овој преоден можеби е најактивниот клуб во светот – Фенербахче денес го доведе 18. засилување!

Нов играч на Фенербахче е грчкиот репрезентативец Димитрис Пелкас кој пристигнува од ПАОК за сума од околу два милиони евра.

Пелкас на претставувањето искажа задоволство што потпишува за Фенер.

„Ова е најголемиот клуб во Турција и еден од најдобрите во Европа. Сум гледал нивни натпревари, со некои од фудбалерите и сум играл заедно. Спремен сум да се ставам на располагање на теренот, мојата задача е да помогнам тимот да победува“, изјави Пелкас на претставувањето.

Посебно внимание привлекува што Пелкас е 18. играч кој Фенербахче го доведе. Најголем дел од фудбалерите кои пристигнаа беа слободни агенти, па затоа потрошија близу девет милиони евра.

ИГРАЧИТЕ КОИ ФЕНЕРБАХЧЕ ГИ ДОВЕДЕ ОВА ЛЕТО

Марсел Тисеран, Назим Сангаре, Маурисио Лемас, Исмаил Јиксел, Диего Пероти, Папис Демба Сисе, Синан Ѓумуш, Маме Тиам, Барис Шунгур, Хозе Соса, Филип Новак, Гекан Гонул, Енер Валенсија, Џанер Еркин, Мерт Јандас, Кемал Адеми, Мбвана Самата и сега Пелкас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Конте го загуби трпението, Брозовиќ се сели во Англија

Италијанските медиуми тврдат дека Марсело Брозовиќ наскоро може да го напушти Интер и кари…