Дома Македонски спорт Мак фудбал КАКВИ ВРЕМИЊА: Кога Вардар и Пелистер играа пред 20.000 гледачи на „Градски“ (ФОТО+ВИДЕО)

КАКВИ ВРЕМИЊА: Кога Вардар и Пелистер играа пред 20.000 гледачи на „Градски“ (ФОТО+ВИДЕО)

Се сеќавате ли на времето кога Купот на Македонија беше вистински празник на фудбалот во нашата земја? Посебно така беше во финалниот натпревар во премиерното издание од кога Македонија стана суверена и независна држава.

Во финалето силите ги судрија големите ривали Вардар и Пелистер, а на крајот црвено-црните го победија битолскиот тим со 1:0. Единствениот стрелец на тој натпревар беше легендарниот Жанко Савов и тоа на две минути пред истекот на регуларните 90.

Тројфеот на тогашниот капитен на Вардар Љупчо Марковски – Калц му го враче претседателот Киро Глигорв. Вардар во таа сезоната 1992/1993 под водство на Ѓоко Хаџиевски стана шампион и во домашното првенство.

Сцените од натпревар се навистина фантастични, но и носталгични бидејќи денес изгледа невозможно на натпревар на две македонски екипи да се соберат 20.000 гледачи.

СОСТАВИ:

ВАРДАР: Филевски, Јовановски (Ангелов), Спасески, Садики, Костов, Марковски, Наумовски (Ефтимов), Тодоровски, Савов, Ќириќ, Милошевски.

ПЕЛИСТЕР: Милошевски, Грозданов, Василевски, Канатларовски, Димов, Цветановски, Пресилски (Марковски), Т. Мицевски, В. Мицевски, Каранфиловски (Стерјов), Ставревски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Мируваа мрежите во Велес: Борец и Работнички ги поделија бодовите

Денес од 15:00 часот со натпреварот помеѓу Борец и Работнички беше отврено 7. коло во маке…