
Претставници на Манчестер Сити денеска воспоставиле контакт со агентите на крилниот напаѓач на Ливерпул, Коди Гакпо, тврди Фабрицио Романо. Џанлука Ди Марцио оди уште подалеку, откривајќи дека „граѓаните“ веќе преговараат и со Ливерпул.
За холандскиот фудбалер, кој беше најдобар играч на “црвените” во вчерашниот натпревар против Њукасл, има сериозен интерес од Тотенхем. Досега се тврдеше дека Ливерпул е спремен да се раздели со него, но за тоа да се случи, до крајот на трансфер прозорецот клубот од „Енфилд“ треба да го доведе Бредли Баркола од ПСЖ и барем уште еден играч на крилната позиција. Сепак, денеска имаше и тврдења дека без оглед на трансферите што ќе успеат да ги направат, раководството на Ливерпул е повеќе насочено кон тоа да го задржи Гакпо.
Сити постигна договор со Тотенхем за продажбата на Савињо, а вчера се појави информација дека двата клуба се договориле и за преминот на Омар Мармуш во лондонскиот клуб. Поради тоа „граѓаните“ сакаат дополнително да се засилат во нападот.
Според Романо, холандскиот фудбалер ги договорил своите лични услови со Тотенхем уште во јули, но ќе има право да го промени одлуката, доколку Ливерпул одлучи дека може да се раздели со него.