Дома Фудбал Лига на шампиони Каде исчезна Меси вчера на „Енфилд“?

Каде исчезна Меси вчера на „Енфилд“?

Барселна вчера на шокантен начин остана без пласман во финалето од Лигата на шампионите.

Каталонците имаа огромни 3:0 предност од првиот натпревар и никој не веруваше дека може да им се повтори минатата година кога на сличен начин беа елиминирани од Рома. Меѓутоа се случи големо изненадување и Ливерпул на „Енфилд“ однесе победа од 4:0 и така се пласираше во финалето.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


После првиот натпревар на „Ноу Камп“ целиот свет зборуваше за Лионел Меси кој постигна два гола, а едниот беше вистинска мајсторија, се зборуваше за „Златната топка“, но вчера гледавме еден друг Меси.

Аргентинецот во реваншот буквално исчезна, а бројките доволно зборуваат колку лошо одигра најдобриот играч на Барселона.

Меси имал 63 допири со топката (помалку од Александер-Арнолд, Алба, Бускетс, Роберто, Пике, Милнер, Ракитиќ и Фабињо) што е најмала бројка за него оваа сезоа.

Покрај тоа имаше само 41 додавање (просекот во Лигата на шампионите му е 60), од тие 41 додавање шест беа неточни. Меси пет пати шутирал кон противничкиот гол, од кои два удари иделе во рамките од голот, а заработи само еден прекршок.

Меѓутоа она што најмногу паѓа во очи е што Меси имаше дури 17 изгубени топки, само Жорди Алба имаше повеќе од него (21).

Покрај се Аргентинецот ја продолжи катастрофалната низа во која не постигнал гол на гости во едно полуфинале во Лигата на шампионите уште од сезоната 2010/2011 против Реал Мадрид.

Од вкупно 112 голови во Лигата на шампионите Меси постигна само шест во полуфиналето од ова натпреварување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Медиумите по потписот го потсетија Ракитиќ на изјава до 2006 година

Хрватскиот ветеран Иван Ракитиќ и официјално беше претставен како нов фудбалер на Хајдук о…