Дома Фудбал Италија Кавани призна: Бил блиску до заминување од Јунајтед, откри и во кој клуб

Кавани призна: Бил блиску до заминување од Јунајтед, откри и во кој клуб

Искусниот уругвајски напаѓач Едисон Кавани и во наредната сезона ќе биде дел од Манчестер Јунајтед.

Долго време се најавуваше дека Кавани може да си замине од „Олд Трафорд“, реално изгледаше трансферот во Бока Јуниорс. Со трансферот во овој клуб Кавани ќе беше поблиску до неговото семејство. На крајот тој одлучи да остане барем уште една сезона во Јунајтед.

„Реална беше можноста да потпишам за Бока Јуниорс, бев блиску. Дали и понатаму вратата за мене ќе биде отворена во Бока? Тоа ќе треба да ги прашате нив, не можам да јас да кажам. Постојат моменти кога треба да бидете блиску до вашите најблиски, на крајот сепак одлучив да останам. За таа одлука влијаеа многу работи“, изјави Кавани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Фудбалерите го одработија првиот тренинг во Амстердам 📸

Maкедонската фудбалска репрезентација ја чека натпреварот од последното коло во групата на…