Поразот од Њукасл на „Сент Џејмс Парк“ со резултат 1:0 доведе до тоа Манчестер Јунајтед да го има најлошиот старт во Премиер лигата во последните 30 години.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тимот од „Олд Трафорд“ после осум одиграни кола има само девет освоени бодови и се наоѓа на 12-тата позиција на табелата, а зад водечкиот Ливерпул заостанува 15 бодови.
Јунајтед се мачи оваа сезона и тоа е очигледно, а Оле Гунар Солскјер никако не успева да ја пронајде добитната комбинација и да оствари неколку врзани победи.
Поради сето тоа Норвежанецот ја изгуби довербата кај навивачите на Јунајтед и поголем процент сакаат да замине, сепак изгледа од тоа нема да биде ништо.
Имено, англиските медиуми наведуваат дека извор од клубот им соопштил дека Солскјер и понатаму ја целосната поддршка од семејството Глејзер и потпретседателот Ед Вудвард.
Исто така се наведува дека позицијата на Солскјер не е загрозена бидејќи во клубот веруваат во неговата долгорочна програма.
Ed Woodward and Glazer family respond to Man Utd's defeat to Newcastle #mufc #ManUtd https://t.co/MAAULD1tSy
— Man Utd Latest (@ManUtdLatestCom) October 7, 2019