Дома Трансфер зона И Арсенал сака да ја искористи ситуацијата во Спортинг – Емери бесплатно може да добие големо засилување!

И Арсенал сака да ја искористи ситуацијата во Спортинг – Емери бесплатно може да добие големо засилување!

martins

Ситуацијата во Спортинг Лисабон повеќе нема потреба дополнително да се објаснува. Играчите масовно бараат раскинување на договорите, Бруно Ферандеш веќе успеа, но тој веројатно е само првиот.

Ваквата ситуација сакаат да ја искористат и многу европски клубови кои се обидуваат бесплатно да стигнат до квалитетни играчи. Еден од нив е и лондонски Арсенал.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Како што пренесува „Скај Спорт“, Арсенал во своите редови сака да го доведе португалското крило, Желсон Мартинс. Погодувате – Мартинс е еден од фудбалерите кои побараа раскинување на договорот со португалскиот гигант.

Овој 23 годишен фудбалер во сезоната која е зад на собра 43 настапи, постигна 10 погодоци и така на себе привлече големо внимение од многу клубови. По споменатата ситуација интересот за неговиот потпис е далеку поголем.

Мартинс во овој момент се наоѓа со репрезентацијата на Португалија на Мундијалот во Русија, што е дополнителен доказ за каков фудбалер се работи. Доколку успеат бесплатно да го обезбедат потписот на овој фудбалер навивачите на Арсенал сигурно ќе бидат презадоволни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона фаворит за потписот на Кимих

Џошуа Кимих донесе конечна одлука да го напушти Баерн Минхен на крајот на сезоната, пренес…