Луис Суарез веќе има 37 години, но и понатаму блеска на фудбалските терени.
Неговиот актуелен договор со Интер Мајами истекува на крајот на календарската година, па веќе се поставува прашањето каков ќе биде неговиот следен потег.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Засега повлекувањето за Уругваецот не е опција и според неговата последна изјава најблиску е до останување во Мајами.
„Знам дека моите адвокати преговараат со клубот. Сега размислувам само за оваа сезона, сакам да ја завршам на најдобар можен начин. Сакам да продолжам да бидам дел од клупската историја. Би бил среќен ако сум тука и наредната година“, изјави Суарез.
Суарез сезонава постигна 18 гола и запиша седум асистенции.