Интер Мајами повторно ќе има аргентински тренер. По заминувањето на Герардо Мартино клупата на американскиот клуб би требало да ја преземе Хавиер Маскерано.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Поранешниот соиграч на Меси, Алба и Бускетс од времето во Барселона во овој моменет е селектор на репрезентацијата на Аргентина до 20 години.
Со оваа селекција во 2023 година беше елиминиран во осминафиналето на Светското првенство, додека првенството во Јужна Америка заврши како осми. на овие две натпреварувања оствари учинок од четири победи и четири порази.
Претходно со клупата на Интер Мајами се поврзуваше и Чави, но на крајот изгледа Маскерано ќе биде одлуката на раководството.