Екипата на Интер како да го чекаше последниот месец од трансфер периодод па да започне да биде активна, „нероаѕурите“ сега покажуваат интерес за фудбалерот на Ливерпул.
Клубот од Милано наводно веќе и спремил понуда за Садио Мане вредна 35 милиони фунти. Мане во минатата сезоната постигна 13 погодоци на 27 натпревари во Премиер лигата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сенегалецот во Ливерпул пристигна за 34 милиони фунти и се покажа како големо засилување, па изгледа дека Интер со оваа понуда нема што да бара и дека ќе мора добро да ја подигне ако навистина сака да го доведе 25 годишниот фудбалер.
Садио Мане пред доаѓањето во Ливерпул настапуваше за Саутемптон, Салзбург и Мец, во кој во 2011 година пристигна од сенегалското првенство.