Дома Фудбал Останато „Ил Феномено“: Во мое време Меси и Роналдо не би доминирале вака лесно

„Ил Феномено“: Во мое време Меси и Роналдо не би доминирале вака лесно

ronaldo

Легендарниот бразилски голгетер Роналдо одлучи да го прокоментира изборот за најдобар фудбалер во светот, каде што повторно главна тема беа Меси и Кристиано Роналдо.

Меси и Роналдо веќе 10 години доминираат во светскиот фудбал, а Нејмар е фудбалерот кој би требало да го загрози нивното „владеење“.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Бразилецот Роналдо кој два пати ја освојуваше титулата шампион на светот, три пати беше најдобар фудбалер во светот и два пати ја доби „Златната топка“, верува дека Меси и Роналдо во негово време не би можеле вака лесно да доминираат.

„Без омаловажување на Меси и Роналдо, во мојата генерација имаше многу поголема конкуренција отколку денес. Во мое време освен јас, тука беа уште Зидан Ривалдо, Фиго, Роналдињо, Карлос…Тоа беше генерација во која навистина беше тешко да кажате кој е најдобар“, изјави Роналдо.

Потоа Бразилецот го прокоментира трансферот на својот сонародник Нејмар во ПСЖ.

„Не знам што стои во позадина на трансферот, можеби Нејмар имал проблеми со претседателот, како што имав јас. Но, кога јас заминував во Интер, италијанската лига беше многу посилна отколку француската лига денес“, истакна Роналдо за „Билд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Украина го прогласи за предавник, но судот му ги врати титулите на Тимошчук

Анатолиј Тимошчук доби статус на предавник во Украина иако беше фудбалска легенда на оваа …