Дома Фудбал Репрезентации Изненадување: Јосип Иличиќ пронајде нов клуб!

Изненадување: Јосип Иличиќ пронајде нов клуб!

Словенечката легенда Јосип Иличиќ најверојатно се враќа во неговата татковина и ќе игра за Марибор, откако Аталанта после сите проблеми кој ги имаше се реши да не му го продолжи договорот.

Иличиќ остави голема трага во италијанскиот фудбал, но некаде во 2020 година со почетокот на пандемијата на коронавирусот започнаа неговите проблеми со депресијата. Успеа да се врати на терените, но потоа одново се соочи со сличните проблеми.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На крајот Аталанта се одлучи да не му го продолжи договорот, а тој ќе се врати во Словенија. Иличиќ има 34 години и е роден во Приједор, во 2019 година беше избран за најдобар фудбалер во својата земја.

За него ова е враќање во Марибор каде што играше во 2010 година когао дигра само 11 натпревари и брзо замина за Италија. На Апенините го носеше дресот на Палермо, Фиорентина и Аталанта. За репрезентацијата на Словенија на 76 натпревари постигна 16 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Јувентус, Интер и Манчестер Јунајтед го сакаат Начо

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо на лето како слободен агент ќе го напушти клубот, а неко…