Серхио Агуеро ќе го напушти Манчестер Сити, ова беше потврдено и од „граѓаните“ пред неколку недели. Сега прашање е само каде ќе ја продолжи кариерата.
Се поврзуваше Агуеро во изминатиот период со повеќе клубови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најмногу со Барселона, а тука беа уште Јувентус, Челзи, Тотенхем…Сега од англиските медиуми има и едно изненадување.
Наводно, клубот на македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски, Лидс сака да се обиде да го доведе Аргентинецот. Според информациите тренерот на Лидс, Марсело Биелса најмногу инсистирал на ваков трансфер.
Сезонава Агуеро одигра 15 натпревари за Сити и беше стрелец на три гола.