Чичарито Ернандес и оваа сезона блеска во дресот на Баер Леверкузен и многу европски гиганти се интересираат за неговиот потпис, а на големо изненадување Мексиканецот би можел да се врати во Реал Мадрид.
Двајца директори на Реал Мадрид потврдија дека клубот размислува да го врати Чичарито на „Сантиаго Бернабеу“.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
„На Чичарито му беше потребно уште малку време, секако дека го сакаме назад, тој е феноменален играч. Вратите на Реал се секогаш отворени за него“, изјави Мануел Серезо, еден од клупските директори.
Имено, Чичарито помина една сезона во Реал на позајмица од Манчестер Јунајтед и одигра 23 натпревари на кои постигна 7 гола, но „кралевите“ решија да не го откупат неговиот договор.
Во последните две сезони Мексиканецот игра во Баер Леверкузен каде постојано ги тресе противничките мрежи и многу европски клубови го сакаат во своите редови.