Дома Фудбал Италија Избран најдобриот млад играч во Серија А

Избран најдобриот млад играч во Серија А

Фудбалерот на Наполи, Виктор Осимен е избран за најдобар млад играч во Серија А.

На едно коло пред крајот Серија А објави кои се наградени за сезоната што се ближи кон крајот. И покрај тоа што Душан Влаховиќ постигна 24 гола, наградата за најдобар млад играч оди кај соиграчот на Елиф Елмас. Осимен сезонава беше главен играч на Наполи со постигнати 14 гола. Според најавите во наредната сезона би можел да направи трансфер во Англија.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Во Наполи пристигна летото 2020 година, кога Италијанците за неговите услуги на Лил му платија над 75 милиони евра. Нигерискиот напаѓач успеа брзо да се адаптира и стана најважниот играч во нападот на тимот.

Според италијанските медиуми, Наполи сака да добие најмалку 100 милиони евра за Осимен, во спротивно не сака да ја прекине соработката со 23-годишниот напаѓач.

Манчестер Јунајтед е подготвен да понуди нешто повеќе од 100 милиони евра, а во средата наводно имало средба помеѓу играчот, неговиот агент и Де Лаурентис, на која се разговарало за иднината на Нигериецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Марко Верати има нов клуб

Италијанскиот фудбалер Марко Верати по две години во Ал-Араби станува нов член на Ал-Духаи…